X
 30.10.2023 Технологија

Ќе се изненадите што сѐ „Вибер“ знае за вас

Во денешната дигитална доба, во која гласовите за загриженост за приватноста се слушаат сѐ погласно, разбирањето како апликациите и различните услуги ги собираат нашите податоци е исклучително важно, а една од најпопуларните апликации што се користат во нашиот регион е несомнено „Вибер“.

Веројатно мал број луѓе знаат што сѐ „Вибер“ знае за нив, односно какви податоци собира.

Работата и услугите што ги нуди оваа апликација неизбежно вклучуваат собирање лични податоци, чиј опсег варира во зависност од видот на користените услуги и интеракцијата со платформата, а компанијата тврди дека не ја чита или слуша содржината на приватни пораки или повици испратени преку апликацијата.

Со регистрирање на „Вибер“, односно користење на апликацијата првпат, компанијата ги зачувува следните податоци:

- Телефонскиот број;
- Личните податоци како име и датум на раѓање;
- Е-адресата;
- Интересите што самите ги пишувате;
- Идентификатори на уреди што ги користите;
- Слика или аватар, доколку поставите;
- Именик (опционално, но неопходен за да видите кои од вашите контакти користат „Вибер“).

Очекувано, локацијата е една од работите што „Вибер“ сака да ги собере, па знае за нас:

- Приближната локација врз основа на бројот на телефонот и IP адресата и домашната адреса;
- Прецизна локација базирана на ГПС за потребите на одредени функционалности и маркетинг;

Постојат некои податоци што „Вибер“ автоматски ги собира, т.е. податоци што се собираат со помош на колачиња и други технологии за идентификација на уредот, на пример:

- Идентификатори на уреди како што се IP адреса и уникатни идентификатори на уреди;
- Онлајн активност (време на пристап, посетени страници итн.)
- Активност додека ја користите апликацијата;
- Податоци за интеракција со заедници, канали, ботови и деловни сметки;
- Податоци за оперативниот систем на уредот, пребарувачот, јазикот и слично.

Исто така, „Вибер“ собира податоци користејќи други извори, но некои работи и ги претпоставува:

- Информации за поврзаните сметки на социјалните мрежи;
- Пол и интереси (претпоставка);
- Претпоставки засновани на податоци од трета страна и интеракција со рекламна содржина;
- Име и телефонски број врз основа на именикот на други уреди;

Дури и ако не користите „Вибер“, компанијата ќе го научи вашето име и телефонски број од именикот на други луѓе.

За среќа, можете да спречите „Вибер“ да ве идентификува.

Компанијата „Ракутен Вибер“ неодамна го ажурира правилникот за Услови за користење, во кој, меѓу другото, појасни и како ќе ги деактивира корисничките сметки.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија