Позната агенција за преведување со седиште во Лондон објави оглас за работно место „преведувач на емот икони“.
Ова е прв ваков оглас во светот - работата не подразбира класично работно време од 9 до 17 часот. Работникот кој ќе биде примен ќе се занимава со превод на емот икони на човечки јазик и ќе ги анализира нивните значења во културолошкото опкружување.
„Во недостаток на изворни говорници, кандидатите треба да преведат и декодираат емот икони кај културните, генерациските и меѓународните разлики“, пишува на огласот.
Компанијата вели дека на кандидатите ќе им даде практичен тест кој ќе ги покаже нивните вештини и нивното познавање на емот иконите.
Критериумите се факултетска диплома или повеќе од три години искуство со преведување. На огласот веќе се пријавиле околу 100 луѓе од целиот свет.
ТУКА можете да се пријавите на огласот за ова работно место.