X
 17.12.2016 Технологија

Најголемиот адут на Nokia со Андроид

Поволната верзија на Nokia со Андроид би требало да изнесува 150 долари (141 евра), а за тој износ би добиле 5 инчен full HD уред со 2 GB RAM и Snapdragon 430 со процесор.


Првите андроид мобилни телефони Nokia би можело да ги видиме веќе на Mobile World Congress во Барселона на крајот на февруари, а судејќи по се се работи за уреди од среден ценовен ранг.
Како што пренесува Phone Arena, новите телефони ќе дојдат со пониски цени како би зазеле што поголем пазарен дел во што пократок рок.

Компанијата HMD Global која стои зад целото оживување на Nokia, би требало да го претстави телефонот кој во моментов е познат под името D1C, а ќе се појави во две верзии.
Посакапата верзија ќе изнесува 200 долари, а ќе доаѓа со 5-инчен full HD екран и 3 GB RAM.
Поевтината верзија ќе нуди Full HD екран и 2 GB RAM и ќе чини 150 долари.

Се наведуваат камери од 16 и 13 мегапиксели со предна од 8 мегапиксели и Snapdragon 430 (1,4 GHz), Adreno 505 графика, Adreno 505 графика со 16 GB интерна меморија.

Двете би требало да нудат андроид 7 од самиот почеток.
Подготвил: Маја Пероска

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија