Половните смартфони на „Епл“, особено постарите модели, обично достигнуваат повисоки цени во споредба со „Андроидите“ - според некои проценки околу 15 отсто повисоки цени за разлика од смартфоните на „Самсунг“ и многу повеќе кога се споредуваат со други производители.
Кој е трикот? Поради тоа што „Епл “ има целосна контрола над „ајфон“, компанијата може да пружа поддршка за одредени модел подолго отколку производителите на „Андроид“. Обично тие јасно назначуваат до кога ќе го прават тоа, па можете однапред да знаете дали за одреден модел ќе биде можно да добиете софтверска надоградба и по две години.
На пример, iOS 12 го поддржува „iPhone 5с“, кој е претставен пред шест години. Во текот на минатата година значителен број на луѓе се уште користеа „iPhone 6s“ и „iPhone7“, кои ќе може да бидат надоградени на iOS 13. Благодарение на тие надоградувања, постарите модели на „ајфон“ и понатаму можат да им бидат корисни на сопствениците.
Иако состојбата се подобри во последните години, компаниите како „Самсунг“ и „Ел-џи“ се уште побавно ги ставаат новите изданија на „Андроид“ на нивните уреди, а и помалку се мотивирани за изработка на надоградби за уредите стари неколку години. Покрај тоа, често е непознато колку долго ќе има поддршка за одреден уред.
Треба да се смета и на препознатливоста на брендот. Со „ајфонот“ знаете на што сте, додека производителите како кинескиот „УанПлас“ се уште им се непознати на голем број купувачи. Општо, поради големиот број на уреди и производители, морате постојано да ги следите новостите поврзани со „Андроид“. Од друга страна, „Епл“ своите новитети ги претставува еднаш
годишно.
Производителите на „Андроид“ би можеле да ги направат нивните уреди поатрактивни кога побрзо би прифаќале нови изданија на „Андроид“.
Фото: Freepik