X
 30.12.2022 Живот

Зошто ја славиме Новата година?

Милиони луѓе низ светот се збогуваат со старата и ја пречекуваат Новата година надевајќи се дека таа ќе им донесе повеќе среќа и убави моменти. Но, кога почна да се слави Новата година?

Нова година е денот кога според календарот започнува нов циклус на пресметување на времето. Во повеќето култури,1 јануари се зема како почеток на годината, денот кој е запишан како прв ден од годината во грегоријанскиот календар. Новогодишната ноќ е, исто така, еден од најстарите обичаи, како и обичај кој е прифатен од голем број луѓе низ светот.

Самиот обичај на празнување потекнува од празнувањето на раѓањето на Сонцето. Како што се менувале календарите низ вековите, така се менувал и денот кога почнувала новата година.

Со оглед на тоа што многу народи немале календари, годината ја пресметувале според временските услови и годишните времиња, како и врз основа на теренската работа што ја вршеле. Се верува дека првата „прослава“ на Новата година ја одржале жителите на Месопотамија пред повеќе од 2000 години. Во тоа време тие ја славеле на почетокот од март.

Кинезите се сметаат за еден од првите народи што почнале да го слават овој ден, а во тоа време трговците си разменувале подароци меѓу себе.

Иако јануари бил воведен во календарот во 700 година пр.н.е., Римјаните ја чекале Новата година до 153 година пр.н.е. на првиот ден од март.

Дотогаш годината имала 10 месеци. Новогодишната прослава била поместена за јануари бидејќи тоа бил почеток на граѓанската година, денот кога новоизбраните конзули стапувале на должност.

Но, овој обичај секој го толкувал како што сака, па некои продолжиле да ја слават Новата година на 1 март. Меѓутоа, во 46 година пе.н.е., Јулиј Цезар вовел нов соларен календар кој покажувал дека годината почнува точно на 1 јануари, па со закон било пропишано тој ден да се означи како почеток.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот