X
 10.10.2023 Живот

Секоја сабота бесплатна скрининг мамографија во струшката Општа болница

Во Општата болница во Струга секоја сабота ќе се врши бесплатна скрининг мамографија со цел рана дијагностика и превенција на рак на дојката.

Директорот на установата, Арменд Арслани, информира дека иако мамографот бил ставен во функција од неодамна, интерес за прегледи имало. Во само еден месец биле направени 60 мамографски прегледи на дојка.

-Целта е да се поттикнат жените, пред сѐ, младите на редовни прегледи за рана дијагностика, знаејќи го фактот дека старосната граница е се пониска, односно имаме многу млади пациентки со дијагностициран карцином на дојката - изјави Арслани.

Тој посочи дека болницата нема доволно стручен кадар за таа намена, па затоа се екипираат и скрининг мамографиите кои ги прават секој четврток, а октомври - месецот за подигање на свеста за рано откривање рак на дојката бил мотив да прават бесплатни прегледи во сабота, во текот на целата година.

-За навремено да се откријат промените на дојката, се препорачува секоја жена редовно да прави самопреглед, ултразвук, скрининг мамографија, како и гинеколошки преглед - потсетува Арслани.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот