X
 26.12.2021 Живот

Среде Њујорк, а заборавен - напуштен остров со болница чека над 50 години да биде истражен

Некаде околу 1611 и 1614 година еден холандски трговец и истражувач налетал на остров при експедиција на крајбрежните и речните долини помеѓу денешните Њу Џерси и Масачусетс. Сепак, тој остана ненаселен во следните два века.

Островот познат како Норт Брадр (Северен Брат), сега е дел од реката Ист во близина на Бронкс, познат и како Портите на пеколот.

Во деветнаесеттиот век на островот почнале да се градат првите згради, кои подоцна станале карантини во кои пациентите биле изолирани од заразни болести, како што се тифус и лепра.

Најпозната од жителите на Норт Брадерс била Тифусната Мери, жена која како асимптоматски носител на тифусна треска ја раширила инфекцијата меѓу њујорчани. Кога бил откриен тифусот кај Мери - во една од првите големи медицински истраги - таа била изолирана на островот и останала таму со децении.

bolnica
Фото: Instagram

Во раните 40-ти години Норт Брадр станал центар за рехабилитација за зависници од дрога.

Веќе во средината на 60-тите се проценувало дека престојот на островот станал неисплатлив и дека попрактично би било институцијата да најде простории некаде во градот, кои ќе бидат попристапни и економски поисплатливи. До крајот на 60-тите островот бил напуштен.

Парадоксално, иако се наоѓа во центарот на еден од најнаселените градови во светот - град кој никогаш не спие, островот е напуштен, заборавен и заспан повеќе од половина век.

bolnica
Фото: Instagram

Оставен на временските услови, без никаква човечка интервенција, на островот, околу болниците и придружните објекти, природата царува. Сѐ што можете да слушнете во овој дел на Њујорк е црцорење на птици и повремени авиони кои летаат над овој скриен дел од Големото Јаболко.

Извор: Nationalgeographic.rs
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот