X
 19.12.2016 Култура

Како е да се живее без вистината за Северна Кореја?

Луѓето во светот генерално се заинтересирани за Северна Кореја и се' што се случува во оваа земја, генерално поради тоа што оваа земја е мистерија за сите.

 

северна


Обвиткана во тајност како еден вид Ел Дорадо, комунистичка Северна Кореја е земја за која знаеме дека има тоталитарна власт, еднолични фризури и производство на метамфетамин, а се „шушка“ и дека оваа земја тајно го усовршува нуклеарното оружје, а можеби и патот до вселената.

Северна Кореја можеби е последното место на вистината, свет на крајноста во кој неслободата и симболично и реално е претставена со затвор. Токму за ова зборува и претставата „Слободата е најскапиот капиталистички збор“. За таа цел драматургот Маја Пелевиќ и Олга Димитријевиќ се упатија до Северна Кореја со цел да научат нешто повеќе за оваа земја.


Интервјуто направено од порталот „VICE“ ви го пренесуваме во целост.

Маја, како се роди твојата фасцинација за Северна Кореја? Што за тебе претставува Кореја?

Маја:
Она што од почеток најмногу ме фасцинираше во случајот на феноменот Северна Кореја беше можноста за дизајнирање на утопија и дистопија во таа мала изолирана земја во северниот дел на Корејскиот Полуостров. Од една страна ова е класично продолжение на парадигмата на Студената војна каде во неа се проектираат сите можни репресии на тоталитарниот режим, а о друга страна од неа може да се создаде утописки сон на земја која се'уште функционира според принципите на одржливост и солидарност и успешно се брани од можен напад на нејзиниот суверенитет. Така што, лесно е да се создаде фасцинација со една толку необична земја во денешниот свет. Мислам дека денес е време на колективна апатија и недоверба според било која организација каде нашиот конформизам и живот во капиталистичкиот систем доведоа до тоа мал број на луѓе да се запрашуваат за сопствената судбина.

Олга, што се' спакува во сонот за тоталитарниот рај? Кои идеи, кои политички одлуки?

Олга: Соништата за тоталитарен рај се јавија после враќањето (пред тоа сонував само за револуција, а за неа сонувам и денес). Свет без комерцијални реклами, свет без масовни игри, бесплатно здравство и образование, верба во самоодржувањето и уште некои работи ги сочинуваат тие соништа, а тука е и длабоко социјално верување во идејата за социјална правда, и доволно моќ оваа идеја да е наметне дури и кај оние слабите користољубиви единци кои се алчни за профит и приватизација на богатството.

Фантазијата е едно, а животот друго. Што ве дочека во Северна Кореја? Дали се плашевте дека соништата за праведност и подобро општество ќе бидат уништени во реалноста на Пјонгјанг и другите градови кои сте ги посетиле?

Олга: Бидејќи соништата се јавија подоцна, во Кореја отидов со друг вид на фантазија, односно со претпоставката дека ќе пронајдеме пукнатини во доминантната слика за Северна Кореја што и не беше многу тешко. Тоталитарната фасада беше тука, пропангандните звучници кои испраќаат порака за работата на Кил ил Сунг, билборди кои повикуваат на борба потив империјализмот, тројелбуси, народ во дисциплинирани групи шетаат низ улиците, големи градежни потфати. За брзо време видовме дека ова е само фасада, и дека Северна Кореја е во некој вид на транзиција, дека е поотворена за странски посетители отколку што претходно се мислеше, дека барем судејќи според границите, може да се излегува од земјата дури и ако сте државјанин на оваа земја, дека во неа постои и комплексен секојдневен живот.

 

2


Дали Северна Кореја е рај за туристите? Знаете, сите оние прашања кои ги прашуваме луѓето кога ќе се вратат од Холандија или друга земја, каква е храната, пијалакот, дали е скапо сместувањето, каква е состојбата во земјата, дали е безбедно и колкава е просечната плата?

Маја: Во Северна Кореја е многу едноставно да се оди, што многу луѓе не знаат. Со само едно кликање со глувчето и веднаш ќе се најдете на една веб туристичка страна (http://www.youngpioneertours.com/ која како и било која друга страна ќе ви обезбеди пат од Пекинг, па дури и до Пекинг ако сакате. Единствена разлика е тоа што, за разлика од патувањата на други туристички дестинации, во овој случај немте опција да ја избегнете агенцијата и да одите со самостоен аранжман. Што се однесува до безбедноста, никогаш во животот не сме се чувствувале побезбедни, не' третираа како бели мечки и она што е интересно е дека после враќањето од Кореја, дознавме дека нуклеарните тестови на Ким Џонг Ун се случуваа тому во нашето време на престој, а ние воопшто не ги почувствувавме.

Дали некоја од вас би сакала да се пресели во Пјонгјанг и зошто не?

Олга: Јас сакав, лесно е да сакаш нешто, тешко е да го реализираш. Да се живееше во Пјогјанг со странско државјанство би одела, но потребни се многу пари, така што тоа останува сон. Прашавме и ни кажаа дека за странците важи пазарната цена за кирија, која е доста висока.

Од што се плашевте?

Маја:
Олга се плашеше, како и повеќето наши пријатели, дека ќе направим скандал поради кој ќе завршам во гулаг. На крајот се случи обратното. Иако успеав да „прошверцувам“ на граница неколку снимки од автобусот (снимањето од автобус беше забрането) поради УСБ стикчето на Олга (која заборави да го пријави на царина, а моравме да ги предадеме сите уреди пред излегување од земјата на контрола), моравме да чекаме два часа. На крајот секако сето тоа беше ок, на УСБ имаше само неколку филмови, а со Олга се шегувавме дека тоа го направи за да остане во Кореја. И претходно имало обиди луѓето да останат во Кореја, па така ги кинеле пасошите, меѓутоа сето тоа било безуспешно бидејќи законот не дозволува - не примаат имигранти.

Колку беше тешко вистинските искуства да ги преточите во претстава, која зборувајќи за Северна Кореја, всушност зборува и не' соочува нас со самите себеси?

Олга: Тешко, тешко, но одевме чекор по чекор и цело време со полна енергија. Требаше да се направи избор на материјалот кој го собравме и донесовме и требаше внимателно да се смисли концептот кој постојано се преиспитуваше. Он она што ги правеше работите исклучителни беше колективната работа на целиот проект.

Со што се' се соочивте? Во толку пишување и изведување?

Маја:
Со разни прашања и идеолошки дилеми. Со оглед на тоа дека темата е навистина „скокотлива“ и можеш да се лизнеш на едната или другата страна, цело време моравме да жонглираме со материјалот и фасцинацијата на темата од една и нашата реална позиција од друга страна.

Се занимавате со вистини и лаги, културата на сеќавањето и интерпретација на документарни факти. Колку е важна самата вистина за Северна Кореја и нејзините бројни и различни импликации?


Олга: Кој воопшто ја знае вистината за Северна Кореја? Лудо е да се помисли дека ние ја знаеме врз основа на едно туристичко патување. Северна Кореја, метафорично, за нас е бојно поле преку кое се прекршуваат различни идеолошки пропаганди. Нас најмногу не' интересираше пропагандата на нашиот либерално демократски, капиталистички свет и неговиот антитоталитарен дискурс. Сакавме да покажеме колку преку осуда на наводниот „тоталитаризам“ секогаш и пред се' се осудува левицата, односно идејата дека овој свет може да биде поправеден. Во таа смисла, Северна Кореја е идеална бабарога.

На просторите на поранешна Југославија, каде постои живо сеќавање за вредностите на комунизмот, сосема е различен контекстот на изведување отколку да кажеме во земји каде никогаш не се гледало со симпатии кон оваа идеологија. Знам дека имате покани за изведување насекаде низ светот, па колку мислите дека „Слобода“ може да комуницира со идеолошки различни земји? Или неименуваната идеологија на капитализмот сите не' обединува?

Олга: Ќе видиме. Добар дел зависи и од составот на публиката. Но неименуваната идеологија на капитализмот е доста важен заеднички фактор. Претставата играше во Грција, каде таа одлично комуницираше со публиката, особено во своите сегменти кои најмногу се осврнаа на економијата. Она што ние се обидовме да го претставиме беше на претставата да ѝ дадеме комплексна структура независно од географската и таа да може да комуницира со различни знаци и идеи кои сака да ги пренесе.

 

1


Продававте ракија, слагалици па и костим за капење, имавте специјален подарок и говор за претседателот на жирито на „Битеф“ од Јужна Кореја. Што да очекуваат гледачите од првиот ред?

Маја: Публиката не мора да се плаши, ова не е насилна интерактивна претстава каде на било кој начин ќе ја принудуваме публиката да прави работи кои не сака да ги прави. Во таа смисла секој ќе има слобода да учествува или да не учествува, да купува или да не купува. Како во либерална демократија.

И за крај, во што се состои вашата (и наша) скапа слобода?

Слободата е најскапиот капиталистички збор бидејќи прашањето: „Што е слобода и како таа се постигнува денес“ е прашање за милион долар. Еден од најчесто употребуваните зборови кој се'уште има некој вид тежина кога се изговара во денешно време, поради глобалниот надзор и војните во име на слободата и ослободувањето на различни општества навистина губи смисла. А повторно сите од време на време се наоѓаме во ситуација да ја кажеме старата добра фраза: „Сакам да бидам слободен“. Слободен за што?
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура