X
 21.12.2016 Технологија

Марк Цукерберг си направи робот, за по дома

Марк Цукерберг на „Facebook“ објави видео во кое го претставува „Џарвис“ („Jarvis“), роботот на чие развивање тој работеше од почетокот на оваа година. „Џарвис“ може да пушта музика, да вклучува и исклучува светла, да препознава посетители и многу други нешта.


Џарвис


„Направив едноставен систем на вештачка интелигенција со кој можам да комуницирам преку телефон или компјутер, што може да извршува едноставни задачи во мојот дом, систем кој ги учи моите навики и го памети мојот вкус, а може да усвојува и нови зборови и концепти. И се разбира може да ја забавува мојата ќерка Макс“- изјавил Цукерберг.

Може да погледнете од видеото како „Џарвис“ функционира. 

Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија