X
 22.12.2016 Живот

Најекстремните временски прилики во историјата


Замрзнат автомобил

Нашата планета се наоѓа на совршено растојание од Сонцето, што е погодно за создавање  живот. Без оглед на тоа, забележани се екстремни варијации во временските прилики, регистрирани во метеоролошките станици ширум светот.

1.    Највисоката температура од 56,7 Целзиусови степени е забележана на 10 јули 1913 во местото познато како Furnace Creek, во американската сојузна држава Калифорнија. Furnace инаку е англиски назив за висока печка за топење метал.

2.    Најниска температура од 89,2 Целзиусови степени под нулата е забележана седумдесетина години подоцна и тоа на 21 јули 1983 на другиот крај на светот во руската станица Восток на Антарктикот.

3.    Најголемо количество дожд од 1825 литри на метар квадратен во само 24 часа забележана е на 7-8 јануари 1966 година на францускиот остров La Reunion во Индискиот Oкеан.

4.    Најтешка досега забележана топка од град, тешка 1,08 килограми, пронајдена е на 12 април 1986 во градот Гопалгањ во Бангладеш.

5.    Најдолгата молња од дури 321 километар е снимена релативно неодамна, на 20 јули 2007 во американската сојузна држава Оклахома. На другиот брег на Атлантикот, во Франција, забележана e и временски најдолгата молња што траела 7,74 секунди.

6.    Северниот Атлантик е познат по брановите, па таму е забележан и најголемиот измерен бран висок 19 метри, но и најголемиот кога било виден бран што имал околу 29 метри.

7.    Најсилниот ветер од 113, 2 метри во секунда или 408 километри на час е забележен на островот Barrow во Австралија.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот