X
 22.12.2016 Технологија

Следниот чекор на ИТ технологијата - каква ќе биде иднината?

Дигитална трансформација – овој израз кај многумина поттикнува различни идеи, но повеќето го поврзуваат со основите на ИТ технологијата и бизнис влијанието од овие промени на глобално ниво. Што всушност подразбира оваа трансформација?


Се работи за комбинација на промени, земајќи го предвид напредокот на технологијата во изминатите 4 децении и користа од истите. Од креирањето на првиот компјутер до свет во кој    е незамисливо да се функционира без компјутер, човештвото за кратко време успеа да напредне со технолошка смисла. Можеме лесно да видиме што до сега е сработено, но исто така е можно и да видиме во која насока се движиме.

Пред 70 години, тогашниот претседател на „IBM“ Томас Вотсон изјавил дека постои светски пазар за само 5 компјутери. Иако нема доказ дека ова навистина го кажал, сепак тоа е едно од најлошите предвидувања, бидејќи компјутерите во моментов се насекаде. Сепак, тогаш живееле во свет каде што компјутерите биле навистина големи уреди, креирани за решавање на проблеми. Од таа гледна точка, денешните компјутери се само екстензии на нов планетарен компјутер кој ќе биде базиран на серверски станици. Наскоро сето тоа ќе биде достапно за сите и тоа во „намалена“ верзија, која ќе ја збере во нашите џебови.

Моделите на компјутери кои ги користевме со децении, не само што престануваат да функционираат, туку веќе се неефикасни. Повеќе не е важно каде некоја апликација може да се користи, веќе сите се достапни и на компјутери и на мобилни телефони и таблети.

Се наближуваме кон компјутерски свет кој ги крие компјутерите, односно поентата е дека ќе имаме големи количини на компјутерска моќ во нашите џебови, на нашите бироа, но тие ќе бидат само дел од достапната моќ. Дигиталната трансформација всушност е процес на преструктурирање на инфраструктурата на која ги градевме апликациите и нашите бизниси, па тоа значи дека ќе мораме да го промениме начинот на кој ги креираме кодовите со цел да ги искористиме способностите кои ни се дадени. Бизнисите ќе мораат да размислат повторно како да ја искористат технологијата за нивна предност, а корисниците ќе очекуваат придобивки од тие промени.

Ова е голем чекор напред во технологијата, а корисниците веќе живеат во таков свет, свет на дигитална трансформација.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија