На својот блог, Бил Гејтс неодамна објави мислење и видео за иднината на земјоделието. Според него, иднината на земјоделието е светла за најсиромашните фармери. За време на неговото патување во Јужноафриканската република во 1997 година, Гејтс за првпат ја видел сиромаштијата одблизу.
„Бев шокиран од она што не го гледав претходно. Нема струја. Нема вода. Нема тоалети. Нема улици.“ - пишува Гејтс.
Меѓутоа, во изминатите 20 години, дигиталната технологија навлегла во животите на сиромашните на начин на кој никој не го предвидел. Сиромашните семејства имаат можност да ја користат технологијата за да решаваат реални проблеми од секојдневието.
Мобилните телефони би помогнале и во областа на агрикултурата. Моментално, стотици милиони Африканци живеат од земјоделието, но не произведуваат толку колку што би можеле и поради тоа, Африка увезува храна вредна 40 милијарди долари годишно.
Главниот проблем, кој го наведува Гејтс, е фактот дека агрикултурните пазари, како банките, постојат на формално ниво, а малите акционери на неформално. Со други зборови, фармерите и пазарите не комуницираат ефективно. Фармерите не знаат колку ќе им биде платено и не може да произведуваат толку колку што се бара бидејќи не знаат колку се бара. Фармерите се изолирани и без пари, но и глас кој би го слушнале останатите.
Дигиталната технологија би можела да го промени ова во иднина. Фармерите веќе започнуваат да користат мобилни телефони за комуникација и наскоро би можела да се роди комуникација меѓу произведувачите и потрошувачите во Африка.