X
 05.09.2020 Живот

Вештини што ќе ви бидат потребни за работните места оваа година

Тешко е да се препознае кои вештини компаниите ги сметаат за приоритетни и што би го правело вашето резиме поразлично од другите. Токму затоа „Линкдин“ ги користи своите податоци за да создаде мапа на пазарот на трудот секоја година.

Оваа година компанијата користела податоци од над 660 милиони професионалци на својата мрежа и над 20 милиони огласи за работа за да ги утврди тврдите и меките вештини што ќе бидат најбарани во 2020 година.

За да ги дефинира најбараните вештини, „Линкдин“ се фокусира на вештини што се барани во однос на понудата. Побарувачката била измерена со идентификување на вештините наведени на линкдин-профилите на луѓе што биле вработувани со највисока стапка. Во евалуацијата биле вклучени само градовите со над 100.000 членови на „Линкдин“.

Во продолжение се најбараните тешки и меки вештини за 2020 година, според „Линкдин“.

Најбараните тврди вештини за 2020 година


Повеќето од тврдите вештини за 2020 година се во полиња што брзо се развиваат и ја нагласуваат важноста на анализата на податоците.

1. Блокчејн
2. Обработка во облак и дистрибуирано пресметување
3. Аналитичко заклучување
4. Вештачка интелигенција
5. Дизајн на корисничко искуство
6. Бизнис-анализа
7. Партнерски маркетинг
8. Продажба
9. Научно пресметување
10. Видеопродукција

rabota
Фото: Pixabay

Најбараните меки вештини за 2020 година


Меките вештини се потешки за мерење од тврдите. Тој што го прави интервјуто се обидува да ги открие преку прашања на кандидатот за неговиот стил на управување или како се справил со неуспесите во кариерата.

1. Креативност
2. Убедување
3. Соработка
4. Адаптибилност
5. Емоционална интелигенција

Извор: Weforum.org
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот