X
 23.12.2016 Забава

Користење на „Snapchat“ на универзитетите

snap

 

Универзитетот во Висконсин започна да го користи „Snapchat“ за да ги извести кандидатите дали се примени или не.


Освен што им кажува на студентите дека се примени, Универзитетот исто така прави „снеп“ од нивниот цел пакет на прифаќање.

Зошто го прават тоа? Универзитетот вели дека едноставно се обидува да одржува чекор со модерното време и што побрзо да ги сподели добрите вести со студентите.

„Дефинитивно тие побрзо ќе го отворат нивниот „Snapchat“ и ќе го видат „снепот“ отколку нивната меил адреса, затоа што „Snapchat“ е местото каде што тие се постојано присутни“, вели Кејтлин Сенти која е задолжена за апликациите.

Со над 150 милион корисници секојдневно, не е тајна дека оваа апликација брзо се искачува на врвот на најпопуларните платформи за социјални медиуми. И не е чудно што универзитетот се одлучил на ваков чекор и што решил преку „Snapchat“ да ги испраќа и идните известувања.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава