X
 22.05.2020 Образование

Британските универзитети може да изгубат над 20% од бруцошите наесен

Приближно секој петти кандидат за студент веројатно би го одложил студирањето доколку институциите наесен не функционираат како порано, покажува нова анализа на „Лондон економикс“.

Се проценува дека околу 120.000 матуранти може да го одложат студирањето на британските универзитети кога ќе започне академската година во септември или октомври, што би предизвикало значителни финансиски загуби за институциите.


Фото: Pexels

Секоја година, околу 5% до 6% од британските матуранти кои аплицирале за студирање наесен се одлучуваат да го одложат студирањето. Но, новата анализа покажува дека 17% повеќе кандидати сега размислуваат за таа опција. Анализата била спроведена на 516 матуранти кои аплицирале за студирање на британските универзитети годинава.

Геван Конлон од „Лондон економикс“ вели дека анализата покажува дека постои несигурност кај кандидатите за студирање, а судејќи според моменталните податоци, финансиските последици може да бидат пострашни од очекуваното за институциите.


Фото: Pexels

Универзитетите низ Велика Британија разгледуваат опции за следната академска година, а некои, како Универзитетот „Кембриџ“, потврдија дека ќе одржуваат само онлајн-предавања за време на следната академска година. Од Универзитетот во Глазгов кажале дека класичните предавања не би биле практични на почетокот на есенскиот семестар доколку тогаш се наложуваат мерките за социјално дистанцирање.


Универзитетот во Единбург планира „хибриден пристап“, според кој ќе одржува предавања на кампусот со одредени онлајн-елементи за студентите кои не може да стигнат на универзитетот.

Извор: newschain.uk 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование