X
 20.04.2018 Економија

Најтешкиот испит во областа на финансиите - еве како изгледаат прашањата

Секоја година илјадници млади луѓе го полагаат еден од ментално најисцрпувачките испити за овластен финансиски аналитичар (CFA - Chartered Financial Analyst).

Испитот има три нивоа и е квалификација дизајнирана за да обезбеди дека луѓето што работат во одредени делови во финансиската индустрија ги имаат сите вистински познавања во ова поле. Испитот е познат по тоа што е многу тежок, а стапките на положување на испитот се од 40 до 50 отсто, а во повеќето случаи студентите учат над 300 часа пред да го полагаат тестот.

Секоја година повеќе од 100.000 луѓе од целиот свет го полагаат тестот во повеќе од 100 држави и ја добиваат дипломата за овластен финансиски аналитичар, така што се надеваат на добра кариера во полето на менаџмент на инвестиции.

Но кои прашања се вклучени во тестот? Веб-страницата „Бизнис инсајдер“ открива неколку од нив. Наводно, овие прашања биле извлечени од најлесниот тест.

1. Колин Гифорд го финализира месечниот билтен за своите клиенти, кои главно се индивидуални инвеститори. Многу од сметките на клиентите го држат вообичаениот фонд на „Каприкорн технолоџис“. Во билтенот, Гифорд пишува: „Врз основа на приходите од следните шест месеци од 1,50 долар по акција и 10 отсто зголемување на дивидендата, цената на акциите на „Каприкорн“ ќе биде 22 долари по акција до крајот на годината“. Според неговата анализа на акциите, најмалку соодветна акција што Гифорд треба да ја преземе, за да избегне злоупотреба на какви било стандарди за професионално однесување, би била:

а) Да го оддели фактот од мислењето;
б) Да ги вклучи процените за приходите;
в) Да ги идентификува ограничувањата на анализата.

Одговор - б.

„Иако про форма анализата може да биде стандардна индустриска практика, не се бара од стандардите за професионално однесување. Процените за приходите се мислења и мора да бидат јасно идентификувани како такви. Исто така, важно е за инвеститорите да бидат во можност да идентификуваат ограничувања на анализата на инвестициските одлуки“.

2. Инфлацијата на трошоците најмалку веројатно е да биде погодена од зголемувањето на:


а) Платите на вработените;
б) Цените на готовите производи;
в) Цените на стоката.

Одговор - б

„Инфлацијата на трошоците се зголемува поради зголемување на трошоците поврзани со производство: платите и цената на суровите материјали“.

finansii
Фото: Freepik

3. Пазарите на труд најдобро се опишуваат како вид:

а) Пазар на капитал;
б) Пазар на стоки;
в) Пазар за производство на труд;

Одговор - б

„Пазарот за производство на труд е пазар за купување и продажба на фактори на производство. Пазарот на труд е еден вид пазар на фактори во кои домаќинствата нудат да го продаваат својот труд“.

4. Корпорацијата издава петгодишни обврзници со фиксна стапка. Нејзиниот благајник очекува каматните стапки да се намалат за сите достасувања најмалку наредната година. Корпорацијата влегува во едногодишен договор со банката да прима квартални плаќања со фиксна стапка и да врши плаќања врз основа на променливи каматни стапки на тримесечен „либор“. Овој договор најдобро се опишува како:

а) Финансиски фјучерс;
б) Форвард договор;
в) Суап.

Одговор - в

„Суап е серија на плаќања однапред. Корпорацијата добива фиксна каматна стапка и врши плаќања со променлива каматна стапка. Со оглед на тоа што договорот е на една година, а променливата стапка се заснова на тримесечен „либор“, ќе бидат направени најмалку четири исплати во текот на годината.

5. Индустријата која се карактеризира со зголемување на обемот, подобрување на профитабилноста, паѓање на цените и релативно ниска конкуренција меѓу компаниите, се наоѓа во некоја од следните фази на животен циклус?

а) Раст;
б) Зрелост;
в) Ембрионска фаза.

Одговор - а

Индустријата во фаза на раст се карактеризира со зголемување на обемот, подобрување на профитабилноста, паѓање на цените и релативно ниска конкуренција меѓу компаниите“.

6. За да се оцени потенцијалниот ефект на иновативен и уникатен тип на деловна трансакција за финансиските извештаи, најдобриот пристап на аналитичарот е да:


а) Ги следи активностите на стандардните поставувачи и регулатори;
б) Да стекне знаење за економската цел на трансакцијата;
в) Да размисли за пристап за „нови“ трансакции што се појавиле во минатото.

Одговор - б

„Со разбирање на економската цел на трансакцијата и примена на концептуалната рамка, аналитичарот може да го оцени потенцијалниот ефект врз финансиските извештаи, дури и во отсуство на специфични стандарди.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија