X
 23.12.2016 Живот

Постојаното „демнење“ на „Facebook“ ве прави несреќни

Постојаното следење на новостите на „Facebook“ за време на празниците и гледањето на сите тие „совршени“ семејства и празнични фотографии повеќе ви предизвикуваат депресивни чувства отколку еуфорија, покажува најновото истражување.


Според студијата која била спроведена од страна на Универзитетот во Копенхаген, прекумерното користење на оваа друштвена мрежа може да предизвика чувство на завист. Ова се предупредувањата од истражувањето, кои сугерираат дека демнењето“ на социјалните мрежи може да има навистина негативно влијание. Според истражувачите, користењето на „Facebook“ во овој период би требало да се намали.
Во студијата учествувале повеќе од 1000 учесници, делумно жени. Резултатите покажале појава на чувства на нереални социјални компарации, завист и промени во расположението.

Експертите сметаат дека наместо времето да се троши на постојано „демнење“ на фотографии и постови, користењето на социјалната мрежа да се состои од комуникација со пријателите. Тоа не е пасивна активност и предизвикува позитивни чувства. Но, најдоброто решение според експертите е да се намали во значителна мера или целосно користењето на социјалните мрежи, барем во времетраење од една недела и да се ужива реално во празничните моменти.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот