Австралиски научници се спуштија со подводна камера низ отвор и снимија необичен подводен свет
Подводниот робот снимил ретки и неверојатни снимки на Антарктикот што откриваат шарен подведен свет полн со алги, морски сунѓери, морски ѕвезди. Научниците овие кадри ги снимиле со камера која била спуштена низ отворот од мразот со цел да соберат податоци за морската вода во тоа подрачје.
Глен Џонстон, еден од научниците, изјавил за
„Tелеграф“ дека обично кога станува збор за Антарктикот, се зборува за живот на површината, но овие снимки покажуваат дека под мразот се наоѓа динамично живеалиште за морските животни.
Овие видови цела година живеат во морска вода со температура не повисока од -1 степени, а десет месеци во годината се покриени со дебелина на мраз од метар и половина.
Според она што го наведуваат истражувачите, токму тој дебел мраз ги задржува овие подморски видови од уништување, но исто така и од опасностите што демнат на површината како што е смртоносната бура од мраз.
Save