X
 13.08.2019 Наука

Радиоактивна прашина од античка супернова е закопана на Антарктикот

Радиоактивна прашина од супернова слетала на Антарктикот од ѕвезда која експлодирала пред милиони години и на крајот била закопана под илјадници килограми снег.

- По големите напори за ископување, научниците се надеваат дека проучувањето на прашината ќе открие нови тајни за космичката околина на нашиот Сончев Систем - истакна Доминик Кол од Австралискиот национален универзитет.

Со проучување на радиоактивната прашина од античка космичка експлозија имаме шанса подобро да ја разбереме историјата на нашето галактичко соседство.

Тимот на Кол во лабораторија го претворил снегот во пареа за да ги собере малите делови на вселенска прашина, а потоа ја анализирал за радиоактивни изотопи, стои во истражувањето прифатено за објавување во списанието „Физикал ривју летрс“.

Тие пронашле многу повеќе радиоактивни изотопи отколку што ќе пронајделе доколку прашината само поминела преку секојдневното космичко зрачење на патот кон Земјата. Тимот цитира минат труд кој покажува дека супернова депонирала железо во нашиот Сончев Систем некаде меѓу последните 1,5 до 3 милиони години. Тоа значи дека е веројатно дека Земјата носи остатоци од таа експлозија, што може да им помогне на научниците подобро да ја мапираат композицијата на Млечниот Пат.

Фото: NASA/Victor Tangermann
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука