Првпат во историјата температурата на воздухот на Антарктикот се искачи на 20 Целзиусови степени.
Научниците на антарктичкиот остров Сејмур на 9 февруари измерија 20,75 степени, што е доказ дека температурата во последните години расте со голема брзина. Претходниот рекорд од 19,8 степени бил во 1982 година.
Се чека рекордните температури да ги потврди Светската метеоролошка организација. Научниците собираат податоци за температурата на секои три дена, а новиот рекорд го опишаа како „неверојатен и ненормален“.
И додека температурите во источниот и во централниот дел на Антарктикот се релативно стабилни, во западниот дел загревањето на океанот влијае врз топењето на глечерите, што доведува до пораст на нивото на морето.
Аргентинската метеоролошка станица „Есперанса“, која е лоцирана во северниот дел на Антарктикот, на 7 февруари измери 18,3 Целзиусови степени. Со тоа беше соборен претходниот рекорд од 17,5 Целзиусови степени измерени во март 2015 година.
„Есперанса“ ја мери температурата на воздухот на Антарктикот од 1961 година.
Според Светската метеоролошка станица, Антарктикот е место каде што најмногу е зголемена температурата на воздухот во последните 50 години, при што е забележан пораст на температурата за 3 степени.
Извор: МИА