X
 15.01.2017 Наука

Што се случува кога човечкото тело доаѓа во судир со огромен број честички?

Што би се случило ако го се најдете во акцелератор на честички? Можеби изгледа како почеток на некој стрип на Марвел, но се случува за да ја расветли нашата интуиција за радијацијата, ранливоста на човечкото тело и самата природа на материјата. Акцелераторите на честички им дозволуваат на физичарите да ги проучуваат субатомските честички на тој начин што ги забрзуваат во силни магнетни полиња и потоа ги следат интеракциите кои се резултат на судирите.

Во 2008 година Големиот хадронски судирач (ГХЦ), предводен од  ЦЕРН , беше обвинета дека креира микроскопски црни дупки кои би им овозможиле на физичарите да откријат дополнителни димензии. За многумина, ова звучело како приказна од научна фантастика. Не е изненадување што неколкумина поднеле и правна тужба за да се сопре операцијата, за да не се создаде црна дупка доволно моќна да го уништи светот. Физичарите пак, дискутирале дека таа идеја е апсурдна и тужбата била одбиена.

 Потоа, во 2012 година, ГХЦ, го открил долго бараниот Хигсов бозон, честичка потребна за да објасни како честичките се здобиваат со маса. Нивниот успех бил дури забележан и од популарната култура, односно хеви метал бендот Мегадет го испишал на својот албум.

И покрај постигнувањата, сепак светот на честичките за физичарите е толку апстрактен, па само неколкумина го сфаќаат нивното значење и функција. Што всушност се случува кога субатомски честички патуваат со приближно брзината на светлината и се среќаваат со човечко тело? Некои физичари изјавиле дека го немаат одговорот.

На 13 јули 1978 година, научник од Советскиот сојуз Анатоли Бугорски ја ставил својата глава во акцелератор за честички. Тогаш, тој ја проверувал опремата на за тоа време најголемиот акцелератор на честички во Советскиот сојуз. Безбедносниот механизам откажал и сноп од протони поминале низ неговата глава. Може да се каже дека во тој период, ниедно друго човечко суштество не искусило ваква силна енергија и радијација. Според неговите изјави, Бугорски веднаш видел интензивно светло, но не почувствувал болка. Научникот бил веднаш однесен во болница, а лекарите го очекувале најлошото.

Јонизирачка радијација на честички како што се протоните може да предизвика кршење на хемиските врски во ДНК-то. Тоа може да доведе и до убивање на клетките, да предизвика престанок на нивната делба или да создаде канцерогена мутација. Кај Бугорски, радијацијата била насочена исклучиво кај главата, а тој и натаму е жив. Половина од неговот лице е парализирано, давајќи и на едната хемисфера од главата чуден млад изглед. Исто така е глув на едното уво. Постојано искусува епилептични напади. Но, неговиот интелект воопшто не претрпел промени и тој успешно го завршил докторатот по несреќата.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука