X
 24.12.2016 Забава

Можете ли да ја решите загатката?

Можете ли да ја решите оваа збунувачка загатка со 12 пити? Интересно е тоа што оваа загатка е создадена уште во 1896 година, но и по 120 години, им го привлекува вниманието на луѓето.


Загатката бара од вас да претворите 6 прави реда од кои секој содржи 4 пити, во 7 прави реда исто така секој да содржи 4 пити, а тоа да го направите со движење на само 4 пити.

12 пити се поставени во форма на ѕвезда, направени од 6 прави линии со по 4 пити. Предизвикот е да се придвижат 4 пити и да се постават на тој начин што ќе има 7 прави линии со по 4 пити.

За да ја решите загатката , прво горната пита од лево поместете ја веднаш под двете горни пити во средината. Потоа, горната пита од десно сместете ја над долните две пити во средината. На крајот, долните две средни пити движете ги нагоре и поставете ги помеѓу претходното поместената пита и средните пити. Финалниот резултат е седум прави линии, сите составени од 4 пити.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава