Јапонска компанија дизајнира вреќа за носење која ќе ви овозможи да се одморите каде било

Јапонска компанија дизајнира вреќа за носење која ќе ви овозможи да се одморите каде било

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Без разлика дали работите од дома или трчате низ град цел ден, секогаш е убаво да се одморите, макар и накратко. Сепак, понекогаш може да биде тешко да се најде вистинското место за удобно сместување.

Зарем не би било убаво да си најдете удобно место без разлика каде се наоѓате? Токму тоа е целта на јапонската компанија „Ханалоло“. Компанијата го понуди своето совршено решение - вреќа за носење за да можете да легнете и да се одморите каде и да сте.

1

„Ханалоло“ е компанија позната по создавањето различни видови вреќи, перници и лежалки. За дополнително да ја поттикне свесноста за брендот, раководството ги нарачало овие вреќи за своите вработени пред околу 10 години. Така, клиентите се заинтересирале и прашувале за вреќите. Компанијата размислувала за тој чекор, но се плашела дека производот нема да успее.

Но неодамна ги претстави овие вреќи, кои се достапни во три големини: мали, средни и големи, во четири бои: зелена, крем, кафена и црна.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: