Во Македонија во раните утрински часови услови за врнежи од дожд ќе има во крајните источни предели. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност, ветровито и посвежо.
Во попладневните часови се очекува зголемување на облачноста која што во текот на вечерните часови ќе услови локални врнежи од дожд и грмотевици. Поинтензивни врнежи се очекуваат во североисточните и источните предели.
Ќе дува доумерен засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува доумерен засилен североисточен ветер.
Утринските температури од 14 до 25 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 27 односно до 38 степени. УВ индекс 8.
Во Скопје во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност, топло и ветровито. Во попладневните часови зголемување на облачноста која во доцните попладневни и во вечерните часови може да услови локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 22 степени, а максималната дневна ќе достигне до 35 степени. УВ индекс 8.
Во сабота во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност, во попладневните часови во крајните северозападни, североисточни и југоисточни предели со услови за слаб дожд. Дневната температура до 27 односно до 38 степени.
Во недела претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне развој на нестабилност со локални врнежи од дожд и грмотевици. Врнежи од дожд не се очекуваат во југозападните предели. Максималните температури ќе се движат од 28 до 39 степени.
Во понеделник во претпладневните часови ќе биде претежно сончево, попладне со услови за локални врнежи од дожд.
Во вторник претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне во западните и југозападните предели нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Максималната дневна температура ќе достигне до 26 односно до 37 степени.
Weather4all.com.mk