Управата за хидрометеоролошки работи издаде предупредување за утре, наведувајќи дека целата територија на Македонија ќе биде во портокалово ниво на опасност од невреме.
Прогнозата за утре е дека времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време (над 30 л/м2), грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и град. Вредноста на УВ ќе биде 6.
Во Скопје се очекува променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер и појава на град.
Од УХМР предупредија на нестабилно време со поројни врнежи и во текот на денешниот ден, односно попладне.
Фото: УХМР