За велигденските празници нè очекува променливо облачно време со сончеви периоди и повремени врнежи од дожд, но и со повисоки температури, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.
Според прогнозата, празничниов викенд ќе го поминеме со убави пролетни температури, а дожд ќе има само в петок, кога минималните температури ќе се движат од 3 до 8, додека максималните од 16 до 22 Целзиусови степени.
В сабота следува разведрување и минимални температури од 3 до 9 степени, додека максималните ќе се зголемат и ќе се движат од 18 до 25 степени.
В недела, пак, максимумот ќе достигне до 27 степени, додека минималните температури ќе се движат од 4 до 10 степени.
Зголемувањето на температурите ќе продолжи и в понеделник, кога минималните ќе се движат од 5 до 11, а максималните од 20 до 28 степени.
Фото: УХМР