X
 29.12.2016 Економија

Нешта за кои успешните претприемачи не се грижат


Слика со некоку најуспешни претприемачи: Стив Џобс, Марк Цукерберг и др.

Сите би сакале да ја знаеме тајната на успехот, поради што се огледуваме на примерите на Бил Гејтс, Стив Џобс и Марк Цукерберг. Најважната лекција што можеме да ја научиме од нив е да се грижиме само за нештата што можеме да ги контролираме, сè друго треба да игнорираме.

Извонредните претприемачи се концентрираат на целта; не се грижат за баналните фактори или за ризиците што ги преземаат. Тие работат и целат кон иднината. Иако во поширока смисла не се совршени, сепак имаат една вистинска особина – сфаќаат дека за да се постигнат големи нешта, треба да се има јасна цел што се сака да се постигне. 

Ви ги споделуваме десетте нешта за кои успешните бизнисмени воопшто не водат грижа.

1. Не се грижат за неуспех

Зошто би се грижеле за неуспех, кога има толку многу нешта што треба да се постигнат низ целиот процес, дури и ако биде безуспешно? Најдобрите претприемачи не ни зборуваат за неуспех. Тие се свесни дека неуспехот е составен дел од успехот. Знаат дека пред да успеат, прво треба да го искусат неуспехот.

2. Не се грижат за балансот меѓу личниот живот и работата

Мнозинството успешни бизнисмени нивната работа ја гледаат како игра. За нив работата е нешто што целиот живот го работат со страст. Секој друг елемент од животот секогаш е поврзан со нивната работа. Според тоа, тие не работат за да живеат, туку живеат за да работат.

3. Не се грижат исклучиво за заработката

Нив не ги мотивира нити ги загрижува правењето пари. Наместо да се грижат колку заработиле, тие се фокусираат на нивната страст. Работат напорно и со намера да ги распространат вредностите низ целиот свет. Интересно е што, на некој начин, тоа и финансиски им се исплаќа, иако не им е првенствена грижа.

4. Не се грижат за успехот на другите 


Најголемата грешка што ја правиме сите е што се споредуваме со другите луѓе. Не знаеме колку многу му требало на некој да стигне таму каде што е денес. Секој треба да се концентрира на личен придонес во светот и деновите да ги претвора во години. Во догледно време, со такво функционирање, се станува светска икона.

Независно од сè, секогаш имајте го на ум следново: Само ТИ можеш да го правиш тоа што го правиш на твој единствен начин.

5. Не бркаат крајни рокови

Успешните не се грижат ако последната недела пред крајниот рок не била 100 отсто продуктивна. Тие се трудат да имаат дневни постигнувања.

6. Не ги загрижува откажувањето

За просечниот човек секогаш постои излезна стратегија. Но, претприемачот се грижи да направи сè за да успее. Ако мораат да се откажат, тоа значи дека сакаат да си ја обноват енергијата и да измислат нов пристап.

7. Не се грижат за сигурноста

Успешните претприемачи животот го гледаат како авантура. Тие не се грижат за сигурноста или да направат нешто на најлесниот начин. Сакаат секојдневно да го искусуваат тоа што денот го носи за нив.

8. Ги имаат најпаметните вработени

Одличните претприемачи не се грижат што меѓу вработените имаат работници што се попаметни од нив. Јасно им е дека ако сакаат успех, мора да ги вработат најдобрите. Ги бараат првенците и не чувствуваат закана поради тоа.

9. Не се грижат за правилата

Правилата постојат за да бидат прекршувани. Повеќето извонредни претприемачи функционираат против нормите или против конвенциите. Секогаш постои отстапка од правилото и секој претприемач сака да биде во групата што не ги следи правилата на мнозинството.


10. Не се грижат ако се покаже дека погрешиле

Никој не може постојано да биде во право. Но, подобро е да се обидеме, отколку да претпоставуваме што може, а што не може да се случи. Одличните претприемачи дејствуваат, тоа им е поголема грижа, отколку да се занимаваат со тоа дали погрешиле. Најважни им се крајната цел и преземањето најнеопходни чекори.  
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија