X
 10.09.2016 Култура

"Кога имаме пари, почнуваме да правиме грешки"

Наставникот кој ја освои Кина и се прослави во светот, Џек Ма, го слави својот 52-ри роденден. Инспиративен, визионер, уникатен - така зборуваат за него.


Основачот на Алибаба

По повод роденденот на основачот на Алибаба, или ако повеќе сакате човекот кој докажа дека претприемач може да успее во комунистичко општество, потсетување на некои од неговите мудрости:

- Денес е тешко, утре ќе биде уште потешко, но задутре ќе изгрее сонце.

- Потребни ти се вистинските луѓе, не најдобрите.

- Никогаш не недостасуваат пари. Ни недостасуваат луѓе со соништа, луѓе кои би умреле за тие соништа.

- Никогаш не се натпреварувај со цени, натпреварувај се со услуги и иновации.

- Помагај на млади луѓе. Помагај на мали момци, затоа што тие ќе станат големи. Младите луѓе ќе го имаат семето што си го посадил во нивниот ум и кога ќе пораснат ќе го сменат светот.

- Се обидувам да бидам среќен зашто знам дека ако јас не сум среќен, моите колеги не се среќни, моите акционери не се среќни и моите муштерии не се среќни.

- Ако клиентот те сака, владата ќе мора да те сака.

- Никогаш не треба 20-годишна програма да завршиме за 2 години.
Подготвил: А.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура