Им се восхитуваме на оние луѓе кои ги бркаат нивните соништа, создаваат успешни бизниси, го менуваат светот и едноставно стануваат богати.
За среќа, некои од нив се доволно добри и ги споделуваат тајните за тоа како успеале да ги направат сите тие работи. Голем број успешни луѓе пишуваат книги преку кои им овозможуваат на луѓето да читаат приказни за нивните неуспеси и победи и да научат од нивните грешки и постигнувања. Овие книги ќе ве инспирираат, фасцинираат, изненадат и научат. Можеби ќе пронајдете нешто за вас во овие книги напишани од неверојатно успешни луѓе.
1. Business @ the Speed of Thought, Бил Гејтс - Во книгата, објавена во 1999 година, Гејтс предвиде дека во наредните 10 години бизнисот ќе се промени многу. Дали неговите предвидувања станаа точни? Да, и постои голема причина поради која треба да ја прочитате оваа книга напишана од еден од најголемите лидери на револуцијата на информацијата. Тој дава лични примери за неговиот бизнис и ја прави книгата уште поинтересна за читање.
2. Buffett’s Bites: The Essential Investor’s Guide to Warren Buffett’s Shareholder Letters, Ворен Бафет - Ова е човек кој направи повеќе од 50 милијарди долари поради успешни инвестиции. Во неговата книга тој ја покажува неговата деловна кореспонденција со неговите партнери и инвеститори почнувајќи од 1957 година. Неговото златно правило за комуникација со инвеститорите ќе ви овозможи информации кои сакате да ги имате.
3. Open Society: Reforming Global Capitalism, Џорџ Сорос - Заработката на Сорос има достигнато над 19 милијарди долари досега. Тоа ја прави оваа книга навистина вредна за читање. Критичарите ја нарекуваат книгата манифест на новиот капитализам. Во неа, Сорос ги критикува различните социјални и комерцијални табуа и го прегледува ставот на луѓето кон капиталот кој владее со земјите.
4. Losing My Virginity: The Autobiograph, Ричард Брансон - Ричард Брансон е добро познат британски претприемач кој има повеќе од 400 компании во Велика Британија и е еден од најбогатите луѓе во државата. Книгата не е само приказна за успех и водич за тоа како треба да се води бизнисот. Исто така, таа претставува забавна книга напишана од екстремно успешен човек кој одлучил да го живее животот максимално.
5. The Art of the deal, Доналд Трамп - Всушност, овој скандалозен американски милијардер досега има напишано 15 книги, но најпрво треба да започнете со читање на оваа. Најдоброто нешто во оваа книга е тоа што Трамп во детали ја објаснува стратегијата на создавање на бизнис со животни примери и кажува како точно правел зделки, преговарал со партнерите и донесувал одлуки.
6. The Autobiography of Benjamin Franklin, Бенџамин Франклин - Оваа легендарна книга е напишана од најдобриот политичар, дипломат, пронаоѓач, научник и автор. Книгата го раскажува првиот дел од животот на авторот. Доста е интересна бидејќи тој ја опишува трансформацијата на неговата личност.
7. How I Raised Myself from Failure to Success in Selling, Франк Бетгер - Ова е приказна за еден извонреден Американец раскажана токму од него. Франк Бетгер изодел трнлив пат пред да стане еден од најплатените агенти за реклами во светот. Тој ги споделува тајните за тоа како успеал да постигне толкав успех после бројни разочарувачки неуспеси.
8. My life & Work, Хенри Форд - Оваа автобиографска книга од еден од најзначајните пронаоѓачи и менаџер на 20-от век е напишана на светол, енергетски и инспиративен начин. Содржи многу материјал кој има историска вредност, а сепак има важност која важи и за модерните економисти, инженери, дизајнери, социолози и менаџери.
9. Life Without Limits: Inspiration for a Ridiculously Good Life, Ник Вујичиќ - Ова е приказна за животот и успехот на човекот без раце и нозе. И покрај тоа што нема екстремитети, Ник има доста исполнет живот: има две факултетски дипломи, среќно е оженет, пишува книги, па дури и плива. Оваа книга е инспиративна и емотивна приказна за пребродувањето на очајот и тешкотиите, верувањето во себеси и среќата.
10. Creativity, Inc.: Overcoming the Unseen Forces That Stand in the Way of True Inspiration, Eд Катмул - Ед Катмул е ко-основач и претседател на „Pixar Studios“. Оваа книга е мешавина од водич за менаџирање на бизнис и лични мемоари на авторот. Книгата е совршена за менаџери кои сакаат да ги поттикнат колегите да создават нови постигнувања, кои бараат оригиналност и креативност и кои сакаат успех.