X
 12.11.2019 Наука

Успехот зависи од парите, а не од знаењето?!

Едно од најчесто поставуваните прашања денес се однесува на успехот во животот, но и од што зависи тој. Дали и колку е важно од каде потекнуваме или, пак, знаењето е пресудно?

Сè повеќе се чини дека потеклото и понатаму е поважно од образованието.

Социологот Џон Голдторп од „Оксфорд“ спровел истражување наречено „Social Class Mobility in Modern Britain: Changing Structure, Constant Process“, кое покажало дека вложувањето во образованието на национална основа има мало влијание врз социјалната мобилност, бидејќи богатите семејства користат економски, културен и социјален капитал за да обезбедат децата да им бидат пред другите.

Голдторп тврди дека помладите генерации имаат поголеми шанси да пропаднат во поглед на социјалната мобилност отколку да се искачат.

- Со децении образовните политики целосно занемаруваат дека помладите генерации мажи и жени се соочуваат со помалку поволни шанси за мобилност отколку нивните родители или баби и дедовци, и покрај тоа што се стекнале со повисоки квалификации - тврди тој.

uspeh
Фото: Depositphoto


Образованието е важно, но очигледно не е доволно за да се „израмни“ играта, односно да се издигнат луѓето што доаѓаат од посиромашни семејства - се согласува докторката Ванда Випорска од организацијата „Фондот за еднаквост“.

- Во многу професии оние што оделе во приватни училишта добиваат значително повисока плата од оние што оделе во државни училишта, дури и ако дипломираат на ист факултет - вели Випорска.

Со оглед на тоа што истражувањето е спроведено на ниво на Велика Британија, опишан е примерот за запишување на врвни универзитети во Велика Британија.

Уписот на вакви универзитети сè уште е селективен, и покрај тоа што повеќе од кога било постојат студенти кои имаат предуслови да се запишат на вакви места. На овие универзитети на располагање се малку места, а тие места генерално се резервирани за богатите деца што доаѓаат од приватните училишта.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука