На Божиќ 2006 година, во кината својата премиера ја доживеа „Children of men“ во режија и сценарио на Алфонсо Куарон.
Филмот ја раскажува приказната за блиската иднина на човештвото - дистопија во која жените, поради необјасниви причини не можат да имаат деца. Дејствието се случува во градовите и селата на југоисточна Англија. Филмот изобилува со алармантен реализам и има минимална употреба на научно фантастичен футуризам - во услови на геополитички хаос кој довел до масовна бегалска криза, која предизвика страв од имигранти и авторитарна Велика Британија која ги затвори границите за аутсајдерите. Светот се наоѓа на работ на бездната, а никој нема јасна идеја што би можело да се направи. Филмот, во ретроспектива, изгледа како документарец за иднината, кој конечно пристигна во 2016 година.
Во 2006 година филмот беше комерцијален неуспех. Со заработка од помалку од 70 милиони долари, филмот чинеше околу 76 милиони долари. На Оскарите беше прилично игнориран, со само три номинации, меѓутоа ниту една за глума, режија или најдобар филм. Студиото „Universal“ немаше никаква идеја како би можел да го продаде со оглед на тоа што стануваше збор за мрачен научно фантастичен филм со футуристичка сценографија во кој Џулијан Мур, најголемата ѕвезда, е застрелана во 28-та минута од филмот.
Денес, во 2016 година, „
Children of men“ има извонредно оживување - не само затоа што прославува десетгодишнина, туку и поради неговата вознемирувачка релевантност. „Како никој друг филм, овој филм го открива значењето на животот“, пишува колумнистот Ричард Лосон. Сега филмот го добива онлајн вниманието кое не го доби во 2006 година, и го покренува прашањето дали навистина го живееме „Children of men“ на Алфонсо Куарон?
Куарон пак, не ја сака оваа задоцнета победа. Тој не е воодушевен од пофалбите за креативните предвидувања кои ги има филмот. „Ова не е фантазија и не беше имагинација“, вели тој. Според него, секој изненаден од точноста на предвидувањата кои ги дава филмот, е или неинформиран или намерно неук. „Луѓето зборуваа за ти работи, само не мејнстрим“, вели тој. Тој читал за бегалската криза, како и за морничавите прекини во биолошките процеси во текот на 2000-те. „Она што е важно сега, е да престанеме да бидеме безгрижни“, вели тој.