Од морничави гробници до потонати бродови, оваа година понуди извонреден увид во минатото.
Во Египет, експертите имаат сомневања кои тврдат дека големата пирамида во Гиза содржи две непознати простории. Истражувачите користат иновативни техники како инфрацрвена термографија и космички зраци со што се очекува понатамошно истражување во 2017. Ова се некои од најдобрите археолошки приказни оваа година.
Најстарите Египетски документи
И покрај некои разочарувања , Египет останува археолошки најдобро место во 2016.
Властите открија 30 документи кои ги содржат едни од најстарите пишани примери во кои датираат дури од пред 4,500 години. Најдени во пештерите во близина на пристаништето на црвеното море , документите покажаа подлабока анализа за животите на работниците на пристаништето за време на кралот Куфу, за кого Големата пирамида од Гиза е изградена како гробница. Хиероглифите покажаа дека работниците учествувале во изградбата на пирамидата.
Останатите пронајдоци вклучуваат и остатоци од 4.500 години стар погребален брод , 3.000 годишна стара мумија која била совршено зачувана и 3.400 годишна некропола. Исто така тука имало и многу гробници изградени од камен.
Сечилото на Кралот Тут направено од метеор
Тим од италијански и египетски истражувачи пронашле дека кралот Тут е закопан со бодеж кој е направен од метеор. Тие потврдиле дека бодежот е поставен на десната нога од кралот и дека потекнува од вселената.
Распарчените нозе на кралицата Нефертари
Во уште едно откритие , пронајдени се 3.200 годишни нозе кои и припаѓаат на Кралицата Нефертари. Таа била првата и омилена жена на моќниот фараон Рамзес 2 .
Мумијата на Нефетари била расечена на парчиња и расфрлана од страна на антички ограбувачи така што се верува дека нејзините остатоци се засекогаш изгубени. Нефертари е единствената кралица од таа ера која е идентификувана.
„Британските Помпеи“
Поглед кон живеењето пред 3 илјади години. „
Британските Помпеи“ биле дома на неколку семејства кои живееле во дрвени куќи градени на потпорници над река. Локацијата била напуштена откако пред 3 илјади години голем пожар ги уништил куќите. Живеалиштата потонале во водата, каде што големите количини тиња и глина овозомижиле зачувување на материјалите. Археолозите под земјата пронашле облека, накит, алатки, садови и многу други предмети кои се навистина временска капсула кон живеењето во тоа време.
Готварска грешка стара 3 илјади години
Доказ за една од најчестите грешки кои се прават во кујната – загорување на храната, бил пронајден на
сад стар 3 илјади години кој бил ископан во централен Јутленд, Данска, од јама. Садот содржел загорено сирење и најверојатно бил фрлен во момент на лутина.
Хемиските аналзи на праисториските огништа покажале дека на американското мени 11.800 години бил лососот, а што се однесува до пијалокот откриле дека јаќменот е „тајната состојка“ која најмногу се користела, па пивото најверојатно потекнува уште од пред 5 илјади години.
Најстариот фустан
И ова е на листата на откритија од оваа година –
фустан создаден пред 5 илјади години, пронајден во Австралија. Во Бугарија исто така археолозите пронашле мала монистра, што се верува дека е стара 6.500 години.
Огромна „гробница“ на стари бродови
Истрага на архипелагот Фоурни во Грција, довела до откривање на 23 стари остатоци од бродови. Овде минатата година биле пронајдени 22 остатоци, што ја прави оваа локација уникатно место за вакви пронајдоци. Во Грција, археолозите исто така откопале човечки скелет стар 2 илјади години на некои од остатоците од потонат брод. На бродот бил пронајден и мистериозниот „Antikythera mechanism“ - комплексен астрономски калкулатор познат како најстариот светски компјутер. Местото уште го нарекуваат „Титаник на античкиот свет“.
Оци – гласот на Човекот мраз
Истражувачите анализирале мумифицирани остатоци од дете од 17 век, кое потекнувало од Вилнус, Литванија. Нивните сознанија довеле до промени во историјата за сипаниците. Заразата долго време се веруваше дека се појавила кај луѓето пред илјадници години, но човечката мумија, која е сега позната како најстариот пример на варичела вирусот кој предизвикува сипаници, сега предизвикува поставување на прашања дали всушност болеста датира некаде помеѓу 1643 и 1665 година. Едно од најспектакуларните истражувања го вклучува и Оци – Човекот мраз, чиј глас беше реконструиран од научниците.
Скелет пронајден на Етрурски гробишта
Од остатоци на деца без стапала околу руините на старите храмови во Перу до скелети од железно доба закопани во југоисточна Турција. 2.500 години стари скелети во Сибир со отсечени глави и поставени меѓу колената. Ова се едни од најморничавите откритија во 2016 година, но како најинтригантно откритие е скелетот пронајден во централна Тоскана. Се смета дека е првиот случај на етрурска гробница која содржела окована индивидуа. Скелетот имал железни окови околу нозете, како и околу вратот. Ова открива вознемирувачки факти за темната страна на Етрурците, кои обично важат за навистина мирна и добра цивилизација.