X
 17.04.2023 Живот

Дали ноќниот режим на работа на екраните е подобар за видот?

Експертите препорачуваат дека е подобро да се користи ноќен режим на уредите со екрани бидејќи се смета дека е поздрав за очите. Но, дали тоа е вистина?

Сината светлина што ја емитуваат екраните испраќа информации до нашиот мозок дека е ден. Белиот екран најчесто емитува повеќе сина светлина кога е темно, а тоа го спречува лачењето на мелатонинот, кој предизвикува поспаност. Поради тоа, ноќниот режим на работа на екраните треба да помогне за побрзо и подобро заспивање. Освен тоа, се смета дека ноќниот режим може да го олесни читањето во вечерните часови бидејќи недостигот на сина светлина го намалува напрегањето на очите.

Меѓутоа, истражување од 2019 година спроведено на уреди на „Епл“ покажало дека ноќниот режим и нормалниот режим не се разликуваат во поглед на производството на мелатонин. Ноќниот режим, сам по себе, не е доволен за спречување на влијанието на циркадниот ритам.

Американската академија за офталмологија службено препорачува намалување на отсјајот и светлината на екранот, како и поставување ноќен режим на работа.

Експертите велат дека ноќниот режим на работа, сепак, може да помогне со одредени симптоми како суви очи, напрегање на очите или болка, главоболка, несоница итн.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот