X
 09.01.2017 Технологија

На повидок е нов ајфон?

Ајфонот слави 10 годишнина оваа година, така што голем број од луѓето очекуваат најново издание на Ајфон, чие излегување би било во септември.

 

ајфон


Како што велат шпекулациите, овој нов ајфон ќе има доста различен дизајн и хардвер. Имајте на ум дека гласините не се официјално потврдени од „Apple“. Ова се дел од гласините што кружат на технолошките страни:

Новиот ајфон ќе има заоблен „OLED“ екран

Гласините за ајфон со „OLED“ екран циркулираат со години, а се чини дека 2017 ќе биде годината кога конечно ќе видиме ваков екран на паметниот телефон на „Apple“. Бидејќи „Apple“ ги исклучи пикселите за да прикажува црна боја, „OLED“ екраните се значително подинамични од „LCD“ екраните.

„OLED“ екраните за следниот ајфон ќе бидат доставени од „Samsung“. Најголемиот ривал на „Apple“ на пазарот на паметни телефони беше пионер во користењето на технологијата на овој екран уште пред неколку години, и ја користи оваа технологија за своите паметни телефони.

Новиот ајфон ќе биде од стакло и ќе го нема копчето „Home“


Една од најинтересните гласини за следнио ајфон е дека уредот ќе биде од стакло со метална рамка. Друга гласина вели дека копчето „Home“ повеќе нема да го има на телефонот и ќе биде интегрирано во мониторот заедно со сензорот за отпечатоци.

Новиот ајфон ќе понуди безжично полнење

Ова е уште една шпекулација поврзана со новиот ајфон која циркулира со години - безжичен полнач како дополнителна опрема.

Спроведувањето на функцијата може да биде радикално различна од моментално достапните стандарди.

Новиот ајфон ќе има уште поголема моќ


Според традицијата на „Apple“, следниот ајфон ќе има сосема нов процесор и графички чип дизајниран од „Apple“ кој ќе пренесува водечки перформанси.

Новиот ајфон ќе има зголемена реалност

Зголемената реалност стекна популарност благодарение на огромниот успех на мобилната игра „Pokemon Go“ во 2016 година. Се смета дека функционалноста на зголемената реалност може да биде уште подобра во најновиот ајфон.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија