Се чини дека американските политичари, на чело со претседателот Доналд Трамп, станаа опседнати со изградбата на ѕид на границите на САД.
За тоа дали ѕидот на Трамп ќе заживее или не, сѐ уште се води жестока битка, но сега во неа се вмешаа и други политичари.
Претседателот на Сенатот, Чак Шумер, и претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, ја изненадија јавноста со својот предлог за технолошки ѕид. Всушност, станува збор за засилена контрола на границите што би ги опфатила исцрпните пребарувања на сите технолошки уреди што луѓето ги носат преку граница, но и физичко следење на автомобилите во земјата.
Поточно, Пелоси предлага воведување технологија што би ги скенирала автомобилите кои ја преминуваат границата и влегуваат во САД поради, како што објаснува, фактот дека така се внесуваат најмногу илегални супстанции.
Фото: Getty Images
Во предлогот за технолошкиот ѕид се споменува и електронски надзор на поединци, користење програма за проценување колку некој е ризичен, но и користење систем за препознавање лица, кој во неколку наврати се покажа како неисправен.
Ваквиот предлог ги крена на нозе многубројните групи за заштита на приватноста кои истакнуваат дека воведувањето технолошки ѕид би го згрозило она што Американците најмногу го ценат - слободата на изразување.
Истакнуваат дека постојните програми за надзор на границите, кои опфаќаат преглед и пребарување на мобилни телефони и лаптопи, следење на движењето, надзор со дронови и создавање листи со проблематични, се премногу инвазивни бидејќи ги опфаќаат жителите во круг од 150 километри околу границата, односно две третини од населението.
Затоа, здружението „Fight for the future“ отвори петиција со која сака да го спречи создавањето на ваквиот технолошки ѕид, но и да почне ревизија на сегашната практика на надзор на границите за да биде во согласност со Уставот и законите.
Тие предупредуваат дека секоја технологија за надзор што се применува на
границите лесно може да го пронајде својот пат и до големите (но и мали) градови во САД, што дополнително би ја загрозило приватноста на граѓаните.