Војин Митровиќ, министерот за економија и претприемништво на Република Српска, Босна и Херцеговина, откри дека американската компанија за електрични автомобили „Тесла“ ќе започне да работи во Босна и Херцеговина.
Се планира отворање операции во Бијељина, во североисточниот дел од земјата, блиску до границата со Србија.
- Постои можност за доаѓање на „Тесла“, а ние очекуваме тоа да биде реализирано до средината на годината - изјавил Митровиќ за „Блумберг Адрија“, без да открива детали.
Извор:
Bloomberg adria
Насловна фотографија: Pixabay