X
 29.08.2022 Живот

Тејлор Свифт ја освои главната награда на „Ем-ти-ви“

Тејлор Свифт ги изненади обожавателите на доделувањето на видеомузичките награди „Ем-ти-ви“ за 2022 година најавувајќи нов албум откако ја освои главната награда на вечерта - за најдобро видео.

Мегаѕвездата ги освои наградите за најдобро видео, најдобра режија и најдобро долго видео за „All Too Well“.

 - Почестена сум што ме препознаваат покрај такви неверојатни уметници и режисери. Првпат во историјата на „Ви-ем-еј“ четири од режисерите во категоријата за видеоспотови на годината се жени... Јас сум многу горда на она што го направивме и со секоја секунда од овој минифилм и немаше да можеме да го направиме ако не беа обожавателите - изјави Свифт, излегувајќи на сцената по вторпат вечерта.

Големите британски имиња главно им беа подредени на американските колеги на овогодишните награди, а само Хари Стајлс ја доби, во отсуство, значајната награда – за албум на годината.

Еден од можеби најспектакуларните мигови беше изненадувачкото појавување на Џони Деп, кој лебдеше над сцената облечен како космонаут.

Годинашните видеомузички награди се одржаа во „Пруденшал центар“ во Њуарк, Њу Џерси, САД. Настанот го водеа Ники Минаж, Џек Харлоу и Ел-ел Кул Џеј.

Свифт најави дека повеќе детали ќе бидат објавени подоцна.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот