Победниците на натпреварот „Бијондпластик“ за 2020 година, чија задача беше да создадат нови дизајни за елиминирање на еднократната употреба на пластична амбалажа во општеството, донесоа иновативни и елегантни решенија за да направат чести производи за потрошувачи кои ќе бидат биоразградливи и без СО2.
Натпреварот, организиран од пронаоѓачот, претприемачот и основачот на веб-страницата beyondplastic.net, Улрих Крзимински, има 4 категории.
- Наградата е насочена кон студенти, дизајнери, инженери, креатори, пронаоѓачи, уметници: секој што има идеја, концепт, прототип или решение кое веќе е на пазарот, кое поддржува помала употреба на пластиката за еднократна употреба - вели Крзимински.
View this post on Instagram
packaging that dissolves?! 🤯 see it to believe it 👀 👆🏼the item bag 2.0. what is it? it's the biodegradable, non-toxic, carbon-negative storage bag that dissolves in boiling water. in seconds. 🏷️ what can you use it for? store any item that normally goes in a transparent poly bag, minus the traditional plastic: t-shirts, collared shirts, dresses, skirts, swimwear, activewear, pants, hoodies and light outerwear. 🔎 what is it made out of? the item bag 2.0 isn't made from polypropylene or polyethylene, the two plastics most poly bags are made from. instead, it's made from a modified polymer similar to the material used to coat dishwasher/laundry tablets. that means that it looks like a poly bag, feels like a poly bag, but when you put it in boiling water, you'll see it couldn't be any further from a poly bag. 💦 when the bag is dissolved in boiling water, are microplastics formed? no. the resulting mixture contains mineralised biomass and non-toxic ink (the ink is soluble in alcohol, not water, that's why it floats in the video), but not microplastics 🙌🏼 the item bag 2.0 is dropping in June 2020. pre-order and receive 10% off until the end of May! want to learn more about them? ask your questions below 👇🏼 DM us or send us an email 💌 #wastebased #itembag #dustbags #compostable #greenpackaging #ecopackaging #packagingessentials #thereisnoplanetB #madeorganic #inspiredbynature #sustainablepackaging #polybags #nontoxic #sustainabledesign #nomicroplastics #reducewaste #smallbusinessowners #zerowasteuk #environmentallyconscious #ecowarrior #packagingthatdissolves
A post shared by w. biodegradable packaging (@wastebasedco) on
Во категоријата „Најиновативно решение“ победи кеса што се разложува во врела вода. Џек Клири и „Вејстбејсд“ тимот од Велика Британија го нарекуваат „Ајтем бег 2.0“.
Целта на Клири е да ги замени полиетиленските и полипропиленските пластични кеси што се користат за транспорт на речиси секоја облека на планетата, со кеси што ќе бидат биоразградливи откако ќе се фрлат.
„Ајтем Бег 2.0“ едноставно се раствора и во солена и во топла вода, оставајќи зад себе ништо друго освен био-мастило и некои нетоксични минерали. Исто така кесата е јаглерод-неутрална, што значи дека процесот на производство на кесата отстранува повеќе јаглерод од воздухот отколку што ослободува: 100 отсто повеќе.
„Вејстбејсд“ исто така создава разградлив плик, кој е 100 отсто водоотпорен, а се разложува во природата по околу 6 месеци. Покрај тоа, зелената компанија засадува дрвја за да надомести за сите трошоци за работење со јаглерод, што не може да ги направи одржливи. Досега има засадено речиси 1.000 дрвја во Ирска, Шкотска, Романија и Мадагаскар.
Бразилскиот тим се најде на второто место во категоријата „Најпрактично влијание“ за нинвиот обид да ја намали пластиката што ја имаат тубите за паста за заби. Неопходен и секојдневен користен производ, пластичната туба за паста за заби доби еколошки дизајн во работилниците на „Кулпејст“. „Кулпејст“ е академски проект развиен во 2012 година од Алан Гомес од Федералниот универзитет во Минас Жераис, кој открил дека нема намалување во продажбата ако картонската кутија околу тубата целосно се отстрани.
Наместо тоа, тубата станува целиот пакет.
Направен од издржлив картонски материјал кој не само што е одржлив, туку и
биоразградлив, тубата има едноставен дизајн, елиминирајќи ја хартијата и хемиските мастила потребни за производство на кутиите.
ТУКА можете да ги погледнете сите победници.
Фото: Screenshot/Instagram