X
 07.05.2021 Живот

Компанија доделува „тесла“, парични награди и патувања за вработените што ќе се вратат во канцеларија

Тројца среќни вработени лица во американската компанија „Костар“ и нивни гости наскоро бесплатно ќе патуваат до Барбадос со приватен авион. Компанијата ќе ги покрие сите трошоци за патувањето. Ова е награда во лотарија во која може да учествуваат вработени лица што примиле вакцина против ковид-19 и работат од канцеларија.


Фото: Pixabay

Голем број од вработените во компанијата работат од дома, па работодавците се обидуваат да ги стимулираат да се вратат во канцеларија. Идејата на „Костар“ е да ги врати вработените во канцеларија доделувајќи им награди.

Освен патувањата до Барбадос, компанијата доделува и парична награда од 10.000 долари, како и нов автомобил „тесла“.


Фото: Pixabay

Лотаријата почнала пред две недели и многу вработени веќе се вратиле во канцелариите, открил работник во компанијата.

Извршниот директор на компанијата, Ендру Флоренс, вели дека во моментов околу 20% од вработените работат во канцеларија, во споредба со 4% пред почетокот на лотаријата.

Извор: therealdeal.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот