Кога нешто станува некој? Со првото отчукување на срцето? Со првиот мозочен бран?
Холандскиот режисер Јан ван Ијкен неодамна создаде краток филм што може да ви помогне да го одговорите ова тешко прашање.
- „Станување“ е краток филм за чудесната генеза на животинскиот свет. Со одлични микроскопски детали ние сме сведоци на создавањето на саламандерот во транспарентно јајце, од оплодувањето до испилувањето - вели Ијкен.
Всушност, транспарентноста на јајцето беше главниот фактор што Ван Ијкен одлучил да го снима баш овој процес.
- Го снимив процесот во Петриев сад, во вода. За мене, биолошките аспекти беа најпредизвикувачки делови за создавање на овој краток филм. Морав да станам малку биолог и малку научник - вели тој.
Филмот е прикажан на повеќе од 20 меѓународни филмски фестивали. Дури и добил награда за најдобар краток документарен филм на фестивалот за природата во Инсбрук.
Погледнете го видеото што прикажува целосен
развој на еден организам.