X
 04.08.2016 Живот

Зошто секогаш треба да порачувате поголема пица?

Која пица овозможува повеќе квадратни инчи превкусно задоволство: пица од 16 инчи или две пици од по 8 инчи? Ако размислите подобро, тогаш здравиот разум би ви рекол дека се исти.

 

pizza


Меѓутоа, видеото подолу од ASAPscience јасно демонстрира дека секогаш треба да ја купите поголемата пица за вашите пари да бидат вредни.

Причината е едноставната формула која ја учевте во средно по геометрија, πr2. Бидејќи радиусот е квадрат, износот на просторот кој го добивате кога ќе го дуплирате радиусот расти со многу повеќе од фактор 2. Додека 8 инчната пица обезбедува околу 50 квадратни инчи задоволство, 16 инчната пица ќе обезбеди 200 квадратни инчи.

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот