X
 17.04.2017 Наука

Се најавува значаен меѓународен научен мегапроект


Клетки под микроскоп

Меѓународна научна заедница сочинета од биолози, лекари, технолози, физичари, компјутерски научници, софтверски инженери и математичари се зафатиле со амбициозен предизвик  –  да креираат атлас на човечките клетки – сеопфатна мапа на човечкото тело што ќе ја содржи секоја посебна клетка, со акцент на основните единици на човековиот живот и клеточните основи на здравјето и на болестите.

Мапата од овој вид била предизвик за биолозите повеќе од 150 години. Клетката е основната единица на човечкото тело, а сепак не знаеме многу за неа. Постојат илјадници типови клетки кои се однесуваат на различни групи на гени, се поврзуваат на сложени начини и формираат различни ткива во телото.

Идејата на оваа група научници кои се состанале во октомври 2016 година во Лондон е да ги каталогизираат сите типови и поттипови клетки, да се лоцираат во ткивата и во телото, и да се разграничат нивните состојби. Оваа бесплатна и достапна база на податоци ќе биде од непроценлива важност за разбирањето на основите на биологијата на луѓето.

Во изработката на проектот ќе бидат собирани примероци од различни човекови заедници, кои ќе се споредуваат и стандардизираат на усогласен начин. Се проценува дека атласот би бил готов за пет години.      


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука