X
 16.02.2019 Култура

Почина славниот актер Бруно Ганц

Швајцарскиот актер Бруно Ганц, еден од најпознатите европски актери на сите времиња, почина вчера на 77-годишна возраст во Цирих. Ганц подолго време боледуваше од рак.

Тој беше меѓу најистакнатите актери од германското говорно подрачје, а меѓународната репутација ја стекна глумејќи го Адолф Хитлер во „Падот“, но и со главната улога во „Небото над Берлин“.

На македонската јавност Ганц ѝ е познат по улогата во филмот „Сведок“ на Митко Панов. Актерот во 2015 година беше награден со „Камера 300“ на битолскиот фестивал „Манаки“.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура