Легендарниот Љубиша Самарџиќ, роден во Скопје, почина после долга и тешка болест во 81-та година од животот, а веста за неговата смрт го заобиколи регионот.
Почитуваниот и сакан уметник беше познат по неговата љубезност и добар карактер, со кои остави трага на подрачјето на цела поранешна Југославија.
Љубиша првпат се појави на телевизија во 1960 година во епизодна улога на телевизиската драма „Сплетка“. Хрватските режисери обожавале да работат со Самарџиќ, па освен режисерот Вељко Булајиќ, со кого работел многу проекти, го ангажирале и режисерите Обрад Глушчевиќ, Стипе Делиќ, Крсто Папиќ, Душан Вукотиќ, Никола Бабиќ и многу други.
Самарџиќ имал можност да соработува со врвни актерки, како Силва Кошчина, Беба Лончар, Вера Чукиќ, Неда Арнериќ, Зденка Хершак, Ксенија Прохаска и други филмски диви. Меѓутоа, публиката најмногу го помни по улогата на Црниот Рок во незаборавната серија „Каде одат дивите свињи“.
Поради неговата генијална глума, тој беше способен и од најмала епизода да направи бисер, а најдобро му одговарале улогите на губитник кој се обидува да се снајде и да го започне животот отпочеток, после неколку погрешни потези.
Проба да заплива и во режисерските води - под негова режисерска палка беа режирани „Есен доаѓа дуњо моја“ и „Мирисот на дождот на Балканот“.
Неговата внука Сара се присетува на неколку анегдоти што ги доживеала со нејзиниот дедо.
„Имав среќа што те познавав 23 години, уште кога бев мала и не сфаќав што е тоа да се биде глумец и да се биде познат, што се чудев кога се приближуваа непознати луѓе додека одев со својот дедо, што плачев на сцената од ’Полицаец со Петлово Брдо‘ - како е можно мојот дедо да седи со четири жени, а ниту една од нив да не е баба ми, што обожавав да ме носиш во канцеларијата и на снимање, и да доаѓаш со мене во градинка, како и да ме земеш во прегратка и да танцуваме, па сè до денес кога можам да кажам дека ми беше пример, потпора и секогаш поддршка. Мислам дека и не треба да ја споменам твојата кариера и колку ми беше чест да бидам внука на таква
легенда. Ми покажа што значи борба и колку сила имаше и колку твоето срце беше силно. Знам дека таму горе си среќен и дека после толку години повторно си со твојот Гага. Не грижи се, нè остави нас жените во сигурни раце, Стефка ќе внимава на нас тука, таа сега е глава на куќата, а ти и Гага на небото. Дедо, а сад адио“, пишува неговата внука Сара.
Imala sam sreće što sam te poznavala 23.godine, od kad sam bila mala i nisam shvatala šta je to biti glumac i biti poznat, što sam se durila kad prilaze nepoznati ljudi dok šetam sa svojim dedom, što sam plakala na scene Policajca sa Petlovog brda, jer kako moj deda može da sedi sa 4 žene, a da nijedna od njih nije moja baba, što sam obožavala da me vodiš u kancelariju i na snimanja, i da dolaziš po mene u vrtić, kao i kad me uzmeš u naručje i plešemo, pa sve do danas kad mogu da kažem da si mi bio uzor, oslonac i uvek podrška. Mislim da je suvišno spominjati tvoju karijeru, i koliko je bila čast biti unuka takve legende. Pokazao si mi šta znači borba i koliko snage si imao i koliko je tvoje srce bilo jako. Znam da si tamo gore srećan i da si posle toliko godina opet sa svojim Gagom. Ne brini ostavio si nas žene u sigurnim rukama, Stefke će nas paziti ovde, on je sad glava kuće, a ti i Gaga sa neba. Deda, a sad adio😔😞😢😕
A post shared by Sara Samardzic (@sara_samardzic) on