X
 16.09.2021 Живот

„И покрај сѐ“ прв филм на „Браќа Манаки“

„И покрај сѐ“, провокативен наслов за времето во кое живееме и „новото нормално“ кое го наметна пандемијата, е филм со кој вечерва во Битола ќе почне традиционалниот 42. филмски фестивал „Браќа Манаки“. Почетокот, како и секоја година, ќе биде одбележан со доделувањето на наградите „Златна камера 300 за животно дело“, „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ и проекцијата на филмот „Сестри“ на режисерката Дина Дума.

Пред платото на Домот на културата во центарот на Битола, каде што ќе биде спрострен црвениот килим, ќе поминат учесниците, гостите на фестивалот, ѕвездите-лауреати на фестивалските награди: Кристијан Бергер, Џослин Пук, Бајрам Северџан, кои веќе пристигнаа во Битола, членовите на жирито Филип Бергсон, Вим Ванакер, Суки Меденчевиќ, Соња Просенц, Димо Попов, многу филмски работници, претставници на дипломатскиот кор и претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.

Ова издание на љубителите на филмската уметност ќе им понуди одлични десет долгометражни и десет кратки филмови, кои ги селектираа Слаѓан Пенев и Даријан Пејовски, ќе се одржат работилници со Кристијан Бергер, Џослин Пук и Грег Малканџи, но паралелно богатство од настани нуди и оф-програмата. Таа почна со проектот „Наследниците на Манаки“, под менторство на Марија Џиџева, па продолжи со „Мети си со класнето“, а следуваат проектите „Живи слики“, изведба на филмска музика на Широк сокак, пантомима-перформанс, изложба на колекционерски винили и цедиња...


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот