X
 16.02.2020 Технологија

Како големите компании ги шпионираат електронските пошти

Апликацијата за електронска пошта „Едисон“ се смета за една од најдобрите и најпродуктивни апликации, но отсега ќе биде позната и по тоа што ја чита содржината од личните сандачиња на своите корисници и им продава производи засновани на тие информации на свои клиенти. Податоците завршуваат кај компании што се занимаваат со финансии, туризам и електронска продажба.

Компаниите ги купуваат податоците за да направат подобри инвестициски одлуки, покажуваат документи објавени од страна на „Мадрборд“. На својата интернет-страница „Едисон“ вели дека ги процесира сандачињата на своите корисници, но многумина не се свесни за ова. Документите објавени од „Мадрборд“ покажуваат и како други апликации - „Клинфокс“ и „Слајс“ - продаваат производи на клиенти врз основа на сандачињата на своите корисници.


Фото: Pixabay

- Би можеле да бидат потранспарентни за нивните комерцијални цели - вели Себ Инсуа, корисник на „Едисон“, кој не бил свесен за продажбата на податоците од страна на компанијата.

Некои од компаниите во протечените документи продавале податоци кои биле категоризирани како „лични сандачиња“. Документите биле создадени од „Џ. П. Морган“ и биле наменети за институционални клиенти. Во нив се открива дека „Едисон“ нудел податоци за лојалност на бренд, преференции во купувањето итн.

„Едисон“ е само една од повеќето компании што нудат бесплатни апликации за електронска пошта и потоа продаваат податоци добиени од сандачињата на нивните корисници. Друга компанија е „Фоксинтелиџенс“, која добива податоци преку апликацијата „Клинфокс“. Некои од клиентите на оваа компанија се „Пејпал“ и консултантските фирми „Бејн енд компани“ и „Мекинзи енд компани“.

Автор: Џозеф Кокс
Извор: vice.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија