X
 19.07.2016 Живот

Работи кои ги научив работејќи за стартап компании во Германија

Италијанецот Федерико Пранди објаснува што најмногу го изненадило кога тој за прв пат започнал да работи во растечката технолошка сцена во Берлин.

Можам да кажам дека никогаш не сум имал вистинска работа пред да се преселам во Германија. После пет години во Берлин и уште една технолошка компанија на моето резиме, можам да кажам дека работењето во овој град е чудно, постојано забавно и воопшто не онака како што очекував. Овие работи ги научив додека работев за германските технолошки стартап компании.


1. Тимските имиња

Едно нешто што го научив од старт-ап компаниите во Берлин се описните имиња.

Така на пример, ако сте вработени како сметководител во технолошка компанија, шансите да работите во „финансискиот тим“ се многу мали. Наместо тоа, вашиот тим ќе има име на животни, познат научник или измислено индијанско племе.

Ќе присуствувате на сериозни средби со цел да ги оцените напорите на Ангора зајаците, и да размислувате за нови вработувања помеѓу Ракуните.

Мојата научна претпоставка е дека во 2025 година ќе бидат земени сите животински имиња и стартап компаниите ќе мораат да започнат да ги именуваат тимовите како сексуално преносливи болести, стриптизерки, Покемон и слично.

2. Тим билдинг

Во Италија ме учеа дека работата е еднаква на патење - колку повеќе патиш, толку подобра работа извршуваш.

Но, на мое изненадување во Берлин дознав дека е дозволено па дури и охрабрено забавувањето со колегите.

После неколку месеци скептицизам, се помирив со фактот дека пинг-понг масите во канцелариите не се замка за да се откријат најмрзеливите вработени.

После пет години се навикнав на фактот дека компаниите нудат јога часови и нудат одмор во германските шуми за вработените да се одморат.

Се разбира, ако на моите родители некогаш им било предложено да ги одведат во шума нивните работодавци, тие веројатно ќе мислеа дека е трик за да ги украдат нивните органи и да се ослободат од телата.

3. Кодекс на облекување

Кодексот на облекување рангира од неограничувачки па сѐ до непостоечки. Причината е тоа што повеќето компании сакаат да создадат отворена средина која топло ќе ве пречека, но исто така и фактот дека извршниот директор обично е компјутерска бубалка, па ја носи истата дуксерка од 1987 година.

Во оваа анархија на стилови, секој пат кога ќе дојде нов работник, можете да ја набљудувате нивната преобразба од убави пеперутки до непривлечни гасеници. На првиот работен ден тие се појавуваат дотерани, испеглани, но една недела подоцна тие не се ни замараат со чорапите.

4. Хиерархија

Да ви кажам една тајна. Германците сакаат хиерархија. Влегувањето во германска компанија значење влегување во одредени улоги, одговорности и овластувања толку сложени што следењето на ликовите од „Game of thrones“ изгледа доста полесно.

Дури и најлесната задача, како на пример објавување на пост на Фејсбук, може да се третира како расклопување на нуклеарна бомба такашто ќе ви бидат потребни инструкции за тоа која жица треба да ја сечете.

Пред да притиснете „publish“ ќе мора да го прочитате правилникот на компанијата, кој има 17 страни за да се осигурате да не измамите никој.

Ако не сте сигурни за сето тоа, прашајте го вашиот претпоставен. Таа ќе го праша нејзиниот претпоставен, кој ќе го праша неговиот претпоставен, кој ќе го праша извршниот директор, кој пак сета работа ќе ја одведат кај Ангела Меркел. 39 години подоцна, ако живеете толку, ќе добиете зелено светло и ќе можете да го објавите гифот од Бијонсе како паѓа на сцената.

5. Доста повратна информација


Бидејќи постојат толку многу слоеви на власт, германските старт-ап компании мораат на вработените да им дават ефикасни инструменти за да можат да ги искажат своите проблеми.

Освен бројните разговори за повратните информации кои треба да ги дадете на вашиот претпоставен во текот на компанијата, во повеќето компании дадена ви е и шанса да се жалите анонимно преку пораки кои се читаат на глас еднаш неделно: можете да се жалите дека вашиот претпоставен не ви дал покачување на платата и слични работи.

Дури и ако сте задоволни, но сакате рецепцијата на компанијата да изгледа како Моќните Ренџери, повторно можете да се пожалите.

6. Интернационалната средина


Технолошката сцена на Берлин е убаво зближување на народите и културите. Одењето низ ходниците на една старт-ап компанија значи странски јазици кои хармонично играат едни со други и кои ја зголемуваат вашата љубопитност. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот