X
 16.02.2023 Технологија

Креаторката на „Чет ГПТ“: Потребна е регулатива за вештачката интелигенција

Мира Мурати е генерален директор за технологија во „Опен АИ“, компанијата која стои зад софтверот „Чет ГПТ“. Овој софтвер стана многу популарен неодамна поради способноста да одговара на комплексни прашања со речиси човечки вештини. Други компании најавија слични софтвери по неговото излегување во ноември.

Од списанието „Тајм“ разговарале со Мурати за најголемите слабости и потенцијали на софтверот. Во интервјуто Мурати го објаснува софтверот како модел за разговор кој бил трениран да го предвиди секој следен збор. Предизвиците со овој софтвер се слични како сите други модели за јазици, а тоа е опасноста од измислување факти. Меѓутоа, софтверот има потенцијал да направи револуција во начинот на кој учиме.

- Со алатки како „Чет ГПТ“ може бесконечно да разговарате со модел за да разберете концепт на начин кој е создаден за вашето ниво на разбирање. Има огромен потенцијал да ни помогне со персонализираното образование - објаснила таа.


Фото: Мира Мурати/Twitter

Сепак, таа смета дека има многу проблеми со технологијата кои луѓето треба заедно да ги решат. Важно е да се слушнат различни гласови на филозофи, социолози, уметници и луѓе од општествените науки во решавањето на овие проблеми, според неа.

- Вештачката интелигенција може да биде злоупотребена или да биде искористена од лоши страни. Тука се отвора прашањето за управување на употребата на оваа технологија на глобално ниво. Како да ја управувате употребата на вештачката интелигенција на начин кој одговара со човечките вредности? - вели таа.

Креаторите на оваа технологија имаат потреба од одредени правила кои би ги доделувале регулаторни тела или владите, додава таа.

Извор: Time
Насловна фотографија: Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија