X
 25.09.2023 Технологија

Вештачката интелигенција создаде воведна шпица за серијата „Пријатели“

Многумина се прашуваат како би изгледал римејкот на познатата серија „Пријатели“, а сега имаме одговор.

Според многумина, „Пријатели“ е најдобрата хумористична серија досега. Рос, Рејчел, Моника, Џои, Чендлер и Фиби останаа врежани во срцата на обожавателите што ги следеа нивните авантури во текот на 90-тите години.

20 години по премиерата на првата сезона, „Пријатели“ остана безвремена класика на која многу луѓе сè уште се сеќаваат и уживаат да ја гледаат. Во текот на сите овие години се зборуваше за римејк со нови актери, но и враќање на оригиналните актери во нова епизода, што и се случи во „Пријатели: Обединување“.

Но, обожавателите на серијата сметаат дека ова е еден од телевизиските проекти на кои не му треба римејк. Сепак, вештачката интелигенција е сè поприсутна меѓу нас, па со нејзина помош и нејзините алатки можеме да видиме како би изгледале некои работи што не се случиле или нема да се случат.

На социјалната мрежа „Редит“ се појави видео од најавната шпица на „Пријатели“ направено од вештачката ингелигенција. И сето ова би било во ред ако на видеото не се прикажуваат чудовишта. Воведот започнува речиси идентично како серијата, со пријатели кои танцуваат околу фонтана. Но, по пет секунди работите стануваат необични.

Воведната шпица е полна со чудовишта и слични суштества. Ова наводно е најголемиот проблем со вештачката интелигенција, што чудовиштата се појавуваат на видеата каде што не треба да се појавуваат.

Sitcom “Friends” According to AI
byu/Theblasian35 inmidjourney
Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија