X
 16.02.2024 Живот

Од понеделник граѓаните ќе добиваат СМС-порака дека пасошот им е готов за да го подигнат

Од понеделник (19 февруари 2024) граѓаните што се фотографирале за пасош во објектот на МРТВ или во ПС Пролет ќе добиваат СМС-порака дека документот им е готов за да дојдат да го подигнат.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека го воведува овој начин на известување за да се олесни процесот за подигнување готови патни исправи.
Исто така, граѓаните ќе можат на интернет-страницата mvr.gov.mk да проверат дали нивниот пасош е готов.

- Ова важи за граѓаните што се фотографирале во објектот на МРТВ или во ПС Пролет. Граѓаните што се фотографирале во другите пунктови во Скопје или во другите градови, готовите пасоши ќе ги подигнуваат на ист начин како и досега - наведува МВР.

Министерството ги замолува граѓаните да не доаѓаат во објектот на МРТВ доколку не добиле СМС-порака или ако на веб-страницата на МВР нема потврда дека нивниот пасош е изготвен.

Извор: МИА

Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот